Барса со +11 ќе го гледа дербито на Мадрид на Ванда Метрополитано (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луис Суарез шест
натпреври во низа не знаеше за гол но лошата серија ја прекина денеска, и тоа
благодарејќи на голманот на Леганес.

Куељар реагираше
лошо по еден центаршут во 28. минута, ја испушти топката од раце и му овозможи
на Уругваецот да ја затресе мрежата.

Напаѓачот потоа
погоди уште еднаш по еден час игра, а и овој гол беше постигнат со голема доза
на среќа. Волејот на Луис Суарез одеше право кон Куељар, но еден од
дефанзивците се обиде да расчисти и само го измами својот голман.

Конечниот
резултат го постави Паулиња, Бразилецот најдобро се снајде по една мешаница во
90. минута и погоди за 0-3.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани