Голема врева се
крена во Шпанија по обидот на „Каталонците“ со „дупка“ во правилата Нејмар да
настапи на дуелот со Реал Мадрид и покрај тоа што одработува суспензија од три
натпревари.
Барселона синоќа
се надмудруваше со шпанскиот Суд за спортска арбитража (ТАД) и најави дека
Нејмар ќе патува за Мадрид.
Клубот од Камп Ноу со евентуален настап на Нејмар ќе поставеше преседан и ќе ризикуваше службено да го загуби дербито со лутиот ривал.
Но шампионот на
Шпанија утрово го промени ставот и реши да го изостави Бразилецот од списокот
на играчи повикани за „Ел Класико“.
Барса појасни
дека ваквиот потег е поради правните нејаснотии во недостиг на формален одговор
од ТАД, како и поради големата неизвесност која може да му наштети на тимот.