Барса сепак најде начин да го регистрира Дани Олмо, но…

by bojan
1 минути читање
Олмо

Ханси Флик ќе може да смета на Дани Олмо на утрешниот натпревар против Рајо Ваљекано, Барселона најде начин како да го регистрира Шпанецот.

„Каталонците“ изминативе денови се ослободија од неколку играчи, Мика Фаје беше продаден на Рен, а Ленгле и Витор Роке испратени на позајмица во Атлетико Мадрид, односно Бетис.

Сепак ниту ова не беше доволно за да се ослободат доволно средства за регистрација на Дани Олмо.

Но последните информации велат дека Барселона сепак пронашла начин како да го решат ова прашање и фудбалерот од средниот ред да биде на располагање за натпреварот против Рајо Ваљекано.

Барса го пријавила Андреас Кристенсен како играч со долгорочна повреда, и побарала дозвола дел од резервираните средства за неговата плата да се алоцираат на друг фудбалер, односно на Дани Олмо.

Сепак, со користење на една ваква дупка во правилата, Дани Олмо ќе биде регистриран само до крајот на годината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани