По неуспехот да го ангажираат Антоан Гризман од Атлетико Мадрид за 100 милиони евра, шампионот на Шпанија се насочи кон други цели и на врвот на листата со желби е Вилијан од Челси.
Според пишувањата на Скај Спортс, Барселона доставила трета понуда, која всушност и не се разликува многу од онаа претходната.
Новиот предлог на каталонците е 55 милиони фунти односно нешто над 61 милион евра, додека пак претходниот бил 53 милиони фунти, или нешто над 59 милиони евра.
„Каталонците“ неодамна се пофалија со рекордни приходи од над 900 милиони евра, кои се недостижни за другите клубови, но од последната понуда изгледа дека прилично се ценкаат за трансферот на Вилијан и прашање е колку ќе му прави разлика на Челси тоа што предлогот е зголемен за 2 милиони со оглед на тоа дека клубот од Стемфорд Бриџ со години нема проблем со финансиите.