Барса се „изгоре“ со Витор Роке, па повеќе нема да плаќа луди суми за талентирани Бразилци

by bojan
1 минути читање
Витор Роке

Како што пренесува весникот Спорт, Барселона во следниот период нема да плаќа луди суми за талентирани Бразилци откако „промашија“ со инвестицијата во Витор Роке.

Витор Роке пристигна на Камп Ноу на почетокот од годинава во зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 30 милиони евра во бонуси.

Напаѓачот сепак не се снајде во Барселона, тешко се наметнуваше кај Чави, а не доби шанса ниту кај Ханси Флик, беше испратен на позајмица во Бетис.

Како што пренесува Спорт, Витор Роке тешко дека и ќе заигра повторно во дресот на „каталонците“, планот е тој да биде продаден и да се врати инвестицијата.

Весникот исто така додава дека директорите на Барселона, поучени од ова трансфер промашување, решиле дека во следниот период нема да плаќаат луди суми за талентирани Бразилци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани