Барса се чувствува измамено од Нејмар, планира да го остави Бразилецот без премија од десетици милиони евра

by
1 минути читање

„Каталонците“
денеска треба да му исплатат 26 милиони евра на Нејмар сениор, како провизија
за тоа што неговиот син во октомври минатата година стави потпис на нов
договор.

Но Бразилецот
сега е пред трансфер во ПСЖ, па Барса се чувствува измамено и планира да го
остави Бразилецот без премијата од десетици милиони евра.

Мундо Депортиво
вели дека „Каталонците“ оваа сума ќе ја остават како депозит кај нотар и ќе почекаат
да видат што ќе одлучи играчот.

Ако Нејмар реши
да го испочитува договорот, парите ќе бидат префрлени на сметката на неговиот
татко, доколку напаѓачот замине, правниот тим ќе го разгледа ова ново настанато сценарио.

Барса верува дека
премијата од 26 милиони евра треба да се исплати само доколку Нејмар во целост го одработи договорот, па
доколку тој замине по само 12 месеци, му следи дел од оваа сума а не целата
бројка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани