Иако следниот Ел Класико дуел од Ла Лига се игра дури во мај, Барселона уште сега пушти во продажба дел од билетите.
Мечот е во рамките од 35. коло и може да биде одлучувачки за титулата, па интересот е голем уште сега, а Барселона сака да заработи на тоа.
Засега, клубот пушти во продажба само ВИП билети, а цената е неверојатно висока бидејќи секој чини 4.000 евра, четири пати повеќе од вообичаената цена на билет од овој тип. На пример, за натпреварот против Овиедо, овие билети чинат 1.000 евра, додека за натпреварот од Лигата на шампионите против Копенхаген неколку дена подоцна, цената се зголемува на 1.150 евра.
Седиштата се наоѓаат до играчите и клупата на тимот, а овие билети овозможуваат пристап до ВИП салонот на стадионот, со премиум кетеринг пред и по натпреварот, како што е наведено на веб-страницата на Барса.
Во овој момент, сè уште не е познато кога ќе се игра натпреварот, дали во сабота, 9. или во недела, 10 мај, па затоа и времето на почеток е исто така непознато. И покрај ова, клубот веќе почна да продава билети.