Барса продолжува да се надмудрува со Нејмар, не дава зелено светло за деби во ПСЖ, еве зошто

by
1 минути читање

„Каталонците“ беа
разочарани од однесувањето на Нејмар и се чуствуваат изиграни од напаѓачот, па
водат тивка војна со него.

Најпрво одбија да
му ја исплатат премијата од 26 милиони евра и најверојатно ќе треба на суд да
се видат со Бразилецот.

Сега Барса го
одложува и дебито на Нејмар за ПСЖ. Тој минатата недела потпиша за „Светците“ но
не беше во комбинација за првото коло од новата сезона и дуелот со Амиен.

Тогаш се велеше
дека сертификатот не стигнал на време, но последните информации велат дека
Барса е таа која не дава зелено светло.

„Каталонците“
добија чек од Нејмар вреден 222 милиони евра со кој Бразилецот си ја откупи клаузулата, и пред да
даде зелено светло, Барса чека целата оваа сума до последен цент да легне на сметка.

До овој момент тие се уште
не се пристигнати, па Нејмар би
можел да го пропушти и дуелот со Гигнамп во недела доколку сертификатот не биде доставе до сабота пред полноќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани