Во четвртокот,
Барселона го презентираше Паулињо, за кого платија високи 40 милиони евра, но
најголемиот дел од фановите се скептични и не го разбираат овој потег на
клубот.
Нив им е нејасно
како играч кој се покажа како големо промашување во Тотенхем, и доаѓа од
првенството на Кина може да стане четвртото најскапо засилување во историјата
на клубот.
Многуте
прашалници придонесоа на денот на презентацијата на Паулињо да бидат продадени
НУЛА дресови.
Во мегастор
продавницата на „Каталонците“ на Камп Ноу дресот на Паулињо не е изложен но
може да се добие доколку некој го побара од вработените.
Во првите 24 часа
никој не го сторил тоа, сепак фан од Далечниот Исток потоа на социјалните мрежи
се пофали дека е горд сопственик на дрес од новото засилување, па мегастор
продавницата на Камп Ноу успеа да продаде барем ЕДЕН дрес.
Секако, Барселона
не го купи Паулињо за да продава дресови туку да даде нов импулс на средниот
ред, но овој податок како и високата цена само додаваат дополнителен притисок
врз играчот, кој сигурно постојано ќе биде под лупа.