Барса повторно му се одмаздува на Интер, со еден потег им нанесе двоен удар на „Нероаѕурите“

by
1 минути читање

Бразилецот минатата сезона ја помина на позајмица на Џузепе Меаца и се веруваше дека Интер во целост ќе го купи играчот бидејќи имало џентлменски договор со Барса трансферот да стане перманентен доколку биде обезбеден пласман во Лигата на шампионите.

Сепак „Нероаѕурите“ не го испочитуваа дадениот збор и Рафиња се врати на Камп Ноу. Интер се обиде по втор пат да го донесе играчот на позајмица, но Барса не сакаше да слушне за нова соработка.

„Каталонците“ сега сепак се сложија да го позајмат фудбалерот на Бетис. Медиумите од Шпанија вечерва пренесоа дека паднал договор Рафиња следните 12 месеци да ги помине на „Бенито Виљамарин“. Бетис за позајмицата ќе плати 1,5 милиони евра, плус додатни 500.000 евра во бонус доколку освои трофеј или пак обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Бетис исто така ќе може во целост да го купи играчот за 25 милиони евра (опцијата на Интер беше 35 милиони евра).

Па Барса не само што по многу поповолни услови го отстапува играчот на Бетис, дополнително му ги ремети трансфер плановите на Интер кој се надеваше дека ќе успее да го продаде Жоао Марио токму на Бетис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×