Барса понудила „невкусна“ трампа па добила жесток одговор од Манчестер Сити

by bojan
1 минути читање

Новинарот Жерард Ромеро објави дека Барселона сакала да го искористи Илкај Гундоган за да дојде до Родри, но добила само жесток одговор од Манчестер Сити.

Илкај Гундоган е на излезна врата од Барселона и се почесто се говори дека фудбалерот од средниот ред ќе се врати во Манчестер Сити.

Како што пренесува новинарот Жерард Ромеро, Барселона се обидела да го искористи ова за да дојде до Родри, и опипала терен за една ваква зделка.

На „граѓаните“ не им се допаднал ваквиот потег, па ги потсетиле своите колеги од Камп Ноу дека должат пари за трансферот на Феран Торес и имаат рок до 31. август да го подмират долгот, или во спротивно ќе достават тужба.

Манчестер Сити е подготвен да го врати Илкај Гундоган на Итихад, но само под еден услов, Германецот да пристигне беспари.

На Барселона во ситуацијата и одговара и ова сценарио бидејќи ќе заштеди 15-20 милиони евра на плата, и ќе може да го регистрира Дани Олмо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани