Барса полека мисли на „план Б“ но не се откажува од Кутињо, следната недела следи финална офанзива

by
1 минути читање

„Каталонците“ сакаат да го ангажираат Филипе Кутињо за да го амортизираат заминувањето на Нејмар, но наидоа на голем отпор од Ливерпул.

Црвените“ веќе одбија три понуди и не помислуваат да го продадат Бразилецот.

Па ова ја принуди Барса полека да мисли и на „план Б“. Жан Мишел Сери од Ница е алтернатива и се верува дека „Каталонците“ се спремни да ја активираат неговата откупна клаузула вредна 40 милиони евра.

Но според Спорт, клубот од Камп Ноу не губи надеж во нaмeрата да го купи Филипе Кутињо и следната недела следи финална офанзива.

Барса и агентите на Бразилецот отвориле дијалог со Ливерпул и сакаат средба во Монако каде во четврток ќе биде извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.

Весникот додава дека Филипе Кутињо не сака да ја пропушти оваа животна шанса, па бара од Ливерпул да седне на маса со Барселона и да му дозволи да замине.

Последната понуда на Барса беше вредна околу 125 милиони евра, и според Спорт, таа ќе биде подобрена, како во фиксната сума така и во бонусите, па следната недела ќе биде клучна за иднината на Филипе Кутињо.

Во меѓувреме, Дејли Експрес објави дека Барселона ќе достави понуда за Филипе Кутињо вредна 130 милиони фунти или околу 142 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани