Барселона не
успеа во намерата да го убеди Ливерпул да го продаде Филипе Кутињо, но
„Каталонците“ не сакаат да останат со празни раце па доставена е понуда за
Анхел Ди Марија.
Неколку извори
доцна вечерва пренесоа дека Барса и ПСЖ се во преговори и „Светците“ на маса
имаат предлог вреден околу 40 милиони евра плус бонуси.
Во исто време,
агентите на Аргентинецот се во Барселона и ги пеглаат деталите за договорот
на играчот со надеж дека ПСЖ ќе даде зелено светло.
Во полза на
клубот од Шпанија оди и формалната истрага која денеска ја покрена УЕФА и тоа
што европската куќа на фудбалот ги стави „Светците“ под лупа за прекршување на Финансискиот
фер плеј.
Но времето не е
на нивна страна, сите формалности треба да бидат завршени за нешто
помалу од два часа, преодниот рок за клубовите од Примера истекува на полноќ.