Барса планира со 15 милиони евра да ја превари конкуренцијата до потписот на Гроецка

by
1 минути читање

Пола Европа внимателно ја следи ситуацијата на фудбалерот од средниот ред, кој ја одработува последната година од договорот и следното лето ќе биде слободен агент.

Баерн Минхен се посочува како прв фаворит за неговиот потпис, но Барса крои план како да ја победи силната конкуренција во која уште се и Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Арсенал и ПСЖ.

„Каталонците“ наместо да го чекаат Леон Гроецка за без пари во јули следната година, се спремни да платат помеѓу 10 и 15 милиони евра за да го донесат на Камп Ноу во зимскиот преоден рок.

Една ваква зделка е поволна за сите страни, Шалке ќе добие определена оштета, а Барса ќе стигне пред сите други за пристојна сума на пари.

Мундо Депортиво пишува дека лидерите на Барселона во неколку наврати разговарале со Леон Гроецка и неговиот агент, Јерг Нојбауер и начелно тие се отворени за еден ваков трансфер и покрај тоа што до пред неколку месеци Германецот на ум само имал трансфер во Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани