Барса отиде во Дортмунд да го бара наследникот на Нејмар, „Милионерите“ ги шокираа со барањата

by
1 минути читање

Медиумите од
Шпанија велат дека лидерите на Барса решиле да го ангажираат Осман Дембеле како
наследник на Нејмар.

Делегација на
„Каталонците“ предводена од директорите Оскар Грау, Раул Санљехи и Хавиер
Бордес отпатувала за Германија на средба со Борусија Дортмунд.

Но според
пишувањата на РАЦ 1, тие биле шокирани кога колегите од таборот на
„Милионерите“ им соопштиле дека бараат 150 милиони евра за младиот Французин.

Барса има 222
милиони евра за трошење по трансферот на Нејмар, но не помислуваат да платат
толку многу.

Тие подготвуваат
прва официјална понуда вредна околу 100 милиони евра, и се надеваат дека и со
ваква сума на маса Борусија Дортмунд ќе седне на преговори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани