Барса од Нејмар бара помеѓу 32,5 и 38 милиони евра

by
1 минути читање

Клубот од Камп Ноу вчера соопшти дека пред суд во Барселона е поднесена тужба против Нејмар, и за ова е известена Фудбалската Федерација на Шпанија, која целиот случај треба да го проследи до Фудбалската Федерација на Франција и ФИФА.

Барса од Нејмар бара пари по три основи: сумата која веќе му е платена како премија кога го обновил договорот во октомври, 8,5 милиони евра како оштета и 10% камата.

„Каталонците“ не откриваат колку е точната сума која му ја исплатиле како премија, една верзија е декa таа сума изнесува 26 милиони евра. Па ако на оваа сума се додаде бројката од 8,5 милиони оштета како и 10% камата, тогаш се доаѓа до 36 милиони евра.

Друга верзија е дека премијата изнесува 21 милион евра, па во овој случај сумата која Барса ја бара е 32,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани