112
„Каталонците“ со недели се обидуваа да го купат Бразилецот, доставија три понуди, а за вчера, во последниот ден од преодниот рок, имаа подготвено нов предлог.
Но трансферот не се реализираше па директорите на клубот, Алберт Солер и Роберт Фернандез денеска на прес конференција објаснија зошто не го ангажирале Филипе Кутињо, кој за да се пресли на Камп Ноу достави и формално барање за трансфер.
„Вчера, по неколку неделни разговори и различни понуди, Ливерпул побара 200 милиони евра за Филипе Кутињо. Не сакаме да го ставиме клубот во ризик, па решивме да се откажеме“ – истакна Солер.
„Сумата која ја побараа од нас е претерана“.