Спортскиот директор на Барселона, Деко открива дека трансферот на Маркус Рашфорд е обична позајмица, без казнена клаузула доколку го вратат Англичанецот во Манчестер јунајтед.
Во последните денови од летниот преоден рок, Маркус Рашфорд се пресели во Барселона на позајмица до крајот на сезоната.
Се шпекулираше дека во неговиот договор има казнена клаузула, како онаа поради која Челси плати 5 милиони фунти поради тоа што одби во целост да го купи Џејдон Санчо, но спортскиот директор Деко го демантира ова.
„Се работи за едноставна позајмица, нема никакви пенали, и доколку сакаме да го задржиме, имаме опција во целост да го купиме“ – вели Деко.
„Но се уште е рано да зборуваме за тоа што ќе се случи следната сезона. Најважно е тоа што сме среќни со него, и дека работите што ги очекувавме од него, токму тоа Маркус Рашфорд му го понуди на тимот“.
„Блесна на фудбалската сцена како младо момче, имаше неколку одлични сезони во Манчестер јунајтед, потоа неколку тешки сезони, веројатно се мачеше поради честите промени на тренерите и работите што ги бараа од него“.
„Но ние сме среќни со Маркус и тоа е најважно“.
Се верува дека опцијата за Барселона во целост да го купи Маркус Рашфорд е поставена на 30 милиони евра.
„Не ја знам точната сума, но мислам дека не е многу висока. Двата клупа ќе седнат и ќе дискутираат подоцна“.
ФОТО: X/FC Barcelona