Репрезентативецот
на БСК се поврзуваше со Барса во август откако Нејмар замина во ПСЖ, а Ливерпул
одби да го продаде Филипе Кутињо.
Се најавуваше
дека клубот од Камп Ноу ќе ја активира откупната клаузула на Жан Мишел Сери вредна 40
милиони евра, и во еден момент се веруваше дека трансферот е договорен.
Но Барселона се
предомисли и реши да чека до последен момент за Филипе
Кутињо.
„Црвените“ сепак не
го променија ставот, и Бразилецот остана на Енфилд, па сега одново се говори дека
Жан Мишел Сери би можел да пристигне на Камп Ноу.
Медиумите од
Шпанија пишуваат дека Барса е подготвена во јануари одново да тропне на вратата на Ница и да го купи играчот во зимскиот преоден
рок.
Но за да се случи
тоа, ќе треба некој да замине, и во моментов прв кандидат е Арда Туран.