Медиумите од Шпанија откриваат детали за разделбата на Барселона и Клемен Ленгле, на дефанзивецот му биле платени 1,5 милиони евра за да се пресели во Атлетико Мадрид, но и покрај ова, зделката се слави во Каталонија како полн погодок.
Клемен Ленгле минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико, задоволи со своите партии, па „колчонероси“ изразија желба да го задржат.
Сепак, клубот од „Ванда“ не сакаше да плати ниту едно евро за негов ангажман, и единствен начин за реализирање на трансферот беше дефанзивецот беспари да се пресели во Мадрид.
На почетокот од оваа недела, Барселона и Клемен Ленгле ја прекинаа соработката, па Французинот потпиша со Атлетико.
„Каталонците“ не само што не добија обесштетување, му платиле на Клемен Ленгле да си оди, последните информации велат дека станува збор за сума од 1,5 милиони евра.
Но и покрај ваквиот развој на настаните, оваа зделка се слави во Каталонија како полн погодок.
Имано, Барселона со тоа што се ослободи од Клемен Ленгле ќе заштеди околу 32 милиони евра на име на плата за последните две години од договорот на дефанзивецот, плус заостанати неисплатени примања од претходните години.
ФОТО: X/FC Barcelona