Барса не сака да ризикува казна, ќе игра против Лас Палмас, но зад затворени врати!

by
1 минути читање

Во Каталонија атмосферата е жешка поради референдумот за независност, кој владата од Мадрид го смета за нелегален и на секој начин го опструира.

Со денови се говореше дека средбата помеѓу Барселона и Лас Палмас би можела да биде одложена поради безбедносни причини и на два часа пред почетокот на натпреварот токму тоа се случи.

Барса соопшти дека не може да гарантира за безбедноста, и побара средбата да не се игра.

Сепак, Фудбалската федерација на Шпанија и Ла Лига не дадоа зелено светло, па на нешто половина час пред терминот на кој натпреварот требаше да започне, стигна ново известување, односно дека средбата сепак ќе се одигра но зад затворени врати.

Доколку Барса не истрчаше на терен, ќе го загубеше натперварот со служебни 0-3, а ќе им беа одземени и три бода. Второ вакво прекршување на правилата значи и исклучување од првенството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани