Барса не го искористи киксот на Реал, одигра само 1-1 против Бетис (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Барселона не го искористи во целост киксот на Реал Мадрид, „каталонците“ одиграа само 1-1 против Бетис и сега се на +4 на врвот на табелата.

Трката за титулата во Ла Лига ќе остане неизвесна, Барселона пропушти шанса да се одлепи на +6 по киксот на Реал Мадрид против Валенсија.

Вечерва, избраниците на Ханси Флик пред своите навивачи одиграа само 1-1 против Бетис.

Домаќините рано дојдоа во водство, по една убава акција, Гави го отвори резултатот веќе во 7. минута.

Но Бетис одговори веднаш, Натан скокна највисоко по еден корнер и го матираше Шчесни за 1-1 во 17. минута.

И покрај тоа што на отворањето на мечот паднаа два гола, мрежите мируваа до крајот, и бодовите беа поделени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани