Барса најави рекорден буџет во кој сепак нема пари за засилувањае во јануари, но…

by
1 минути читање

Во последно време
актуелни се шпекулациите за можен трансфер на Пол Погба на Камп Ноу веќе во
јануари откако Французинот влезе во сериозен конфликт со тренерот Жозе Мурињо.

Сепак останува да
се види колку една ваква зделка е изводлива, „Каталонците“ денеска го
презентираа буџетот за сезоната 2018/19 и во него не се предвидени пари за
засилувања во зимскиот преоден рок и покрај тоа што се очекуваат рекордни
приходи од 960 милиони евра.

„Во буџетот не се
предвидени средства за никакви засилувања во јануари“
– вели генералниот извршен директор
Оскар Грау.

Тој сепак не ја затвори целосно вратата и порача дека ќе се обиде да изнајде некакво решение доколку
Ернесто Валверде побара ново име.

„Иако не се
планираат засилувања, може да се изведат одредени формули, и доколку биде
побарно ново име од страна на тренерот, со задоволство ќе се обидам да најдам
пари. Не сакам да затворам ниту една врата“.

За овој буџет зелено светло ќе треба да биде дадено на генералното собрание кое ќе се одржи на 20. октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×