Барса му го фрли меракот на Фабиан Руиз

by
1 минути читање

Барселона уште од
сега го постави фудбалерот на Наполи, Фабиан Руиз на врвот на листата на
желбите за засилувања во тимот за идното лето, тврди „Мундо Депортиво“.

23 годишниот
Шпанец во Наполи пристигна ланското лето откако италијанскиот вицепрвак ја активираше
неговата откупна клаузула во Бетис која тогаш изнесуваше само 30 милиони евра,
а инвестицијата се покажа како феноменална за тимот од Неапол.

Цената на Руиз
рапидно порасна по неговите импресивни изданија, особено на европското
првенство за фудбалери до 21 година, а секако тука се и неговите одлични
изданија во останатите натпреварувања.

Фабиан веќе
реализираше три настапи за сениорскиот состав на Шпанија, а има важечки договор
со Наполи до 2023. година, статус кој му гарантира одлична заработка на италијанскиот
вицепрвак во случај да сака да го продаде, а истовремено и одлична позиција во
потенцијалните преговори.

„Мундо Депортиво“
тврди дека Барселона уште од сега во Руиз гледа приоритет за следната сезона
кога се мисли на засилувањата во тимот, а директорот на Каталонците, Ерик
Абидал беше „уловен“ на трибините во мечот против Лече, кој Наполи го доби со
убедливи 4-1 минатата седмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×