Барса му „фрли око“ на Рашфорд

by
1 минути читање

Барселона го
посакува Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, а Каталонците наводно се
подготвени на лето да издвојат 115 милиони евра за услугите на англискиот
напаѓач, пренесуваат повеќе медиуми.

21 годишниот
Рашфорд се разви на едно високо ниво кое е доста ценето и почитувано кај
повеќето европски гиганти, а Англичанецот постигна 45 погодоци на своите
досегашни 167 настапи во дресот на Црвените ѓаволи.

Рашфорд, исто
така погоди шест пати за Англија, за него се вели дека алтернативна опција за
Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а „Сан“ пренесе дека во случај Манчестер
јунајтед да не избори пласман во Лигата на шампионите идната сезона, ќе мора да
се согласи да го продаде еден од своите најдобри поединци во тимот.

Актуелниот и
важечки договор на напаѓачот на Олд Трафорд истекува идната година, се уште се
преговара околу продолжување на соработката помеѓу обете страни, а се верува
дека младиот фудбалер бара зголемување на неговата неделна плата од 80.000 на
300.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×