Барса може да ја загуби победата над Осасуна поради настапот на Ињиго Мартинез!?

by riste
2 минути читање

Барселона вчера со убедливи 3-0 ја победи Осасуна во заостанат меч од Ла Лига, но на мечот има еден според момент за кој раководството на противникот на Каталонците најаважи жалба.

Спорен е настапот на Ињиго Мартинез. Според Осасуна, Барселона не го почитувала правилото на ФИФА за задолжителна пауза на играч кој се повлекол од репрезентацијата поради повреда.

„Правните застапници на Осасуна ја разгледуваат можноста да ја оспорат победата на Барселона затоа што неовластено настапил Ињиго Мартинез, повикувајќи се притоа на членот од правилникот на ФИФА. Тој укажува дека кога играч ќе ја напушти репрезентацијата поради повреда, не смее да настапи за клубот најмалку пет дена од последниот меч во прозороецот на ФИФА. Исклучок е ако играчот биде ослободен од националниот тим, но не и ако сам побара. Шпанија против Холандија играше во неделата. Тоа значи дека до мечот на Барселона со Осасуна поминале четири, а не пет дена. Осасуна сега истражува дали Мартинез ја напуштил репрезентацијата на свое барање или го ослободил националниот тим“, пишуваат шпанските медиуми.

Мартинез го одби повикот на шпанскиот селектор поради повреда на коленото што ја доживеа во мечот против Атлетико. Тој тогаш остана во Барселона за да се рехабилитира, но почна со тренинзи во понеделникот, ден откако Шпанија го играше возвратниот натпревар против Холандија.

Ако Барселона биде казнета и ѝ бидат одземени трите бода од синоќешниот меч, ќе има ист биланс како Реал Мадрид, но сепак ќе го задржи првото место на табелата поради подобрата гол-разлика. Дуелот на Барса и Осасуна требаше да се игра на почетокот на март, но беше одложен поради смртта на докторот на каталонскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани