Барса можела да го купи Саул Нигез за 45 милиони евра пред 12 месеци, сега ќе треба да плати двојно повеќе

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Атлетико Мадрид е во центарот на вниманието поради одличните игри на Европското
првенство за играчи до 21 година, каде Саул Нигез е прв стрелец и покрај тоа
што се работи за играч од средниот ред.

Изминативе
неколку дена се говори за негов можен трансфер на Камп Ноу, наводно Барса го
гледа Саул Нигез како опција доколку не успее во намерата да го купи Марко
Верати.

Спортскиот
дирекот на Барса, Роберт Фернандез неколку пати се сретнал со агентите на
ирачот.

Но една ваква
зделка воопшто нема да биде лесна, откупната клаузула на Саул Нигез е 80
милиони евра, а Атлетико планира по првенството во Полска да го награди
фудбалерот со нов побогат договор во кој клаузулата ќе биде 100 милиони евра.

Овие бројки се
многу повисоки од сумата која Барса требаше да ја плати пред 12 месеци.

„Каталонците“
минатото лето имаа можност да го купат Саул Нигез за 45 милиони евра, опција
која ја добиле при трансферот на Давид Виља на Висенте Калдерон во 2013.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани