Барса можела да го купи Дибала за 120 милиони евра, но „Каталонците“ го одбиле Аргентинецот?!

by
2 минути читање

Напаѓачот на
Јувентус се посочуваше како алтернатива за „Каталонците“ доколку не се реализира трансферот на Филипе Кутињо, и во последните 48
часа од преодниот рок се појавија гласини дека Јувентус одбил 160 милиони евра.

Но Ел Чирингито
де Хугонес сега излезе со една сосема поразлична приказна, Барса можеле да го
купи играчот за 120 милиони евра, но клубот од Камп Ноу го одбил Аргентинецот.

Според Хугонес,
еден од потпретседателите на Барса на 17. август имал средба со братот на
Дибала и со генералниот директор на Јувентус. На состанокот, братот на играчот
ја известил барса дека Пауло сака да го напушти Јувентус и добил ветување
од „Старата Дама“ дека може да замине за 120 милиони евра.

Сепак, конечниот
одговор на Барселона бил НЕ и одлуката ја донел Роберт Фернандез, техничкиот
секретар сметал дека Пауло Дибала не се вклопува во тимот со Лео Меси, и покрај тоа што двајцата играат во нападот на „Гаучосите“.

Два дена пред
крајот на трансфер пазарот, кога се појасно беше дека Филипе Кутињо нема да
пристигне на Камп Ноу, Пауло Дибала уште еднаш бил понуден на Барселона, но и
овој пат одговорот бил НЕ.

Во меѓувреме,
Газета дело Спорт пишува дека Пауло Дибала се разделил со агентот Паоло
Триулци, и кариерата одново му ја доверил на својот брат Густаво. Овој потег само ќе
ги подгрее шпекулациите за негово заминување од Јувентус и многумина го
толкуваат како обид на Аргентинецот да обезбеди трансфер во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани