Барса може да купи замена за Дембеле, ова се условите кои треба да се исполнат и целата процедура

by
1 минути читање

Барселона ќе има
многу мака во следните месеци, по Луис Саурез, од комбинација отпадна и Осман
Дембеле. Французинот неколку дена тренираше, и кога требаше да влезе во полн
натпреварувачки ритам, ја обнови повредата на задната ложа. Тој веројатно ќе
оди на операција и за него сезоната е завршена.

Па Кике Сетиен
наместо да добие ново „засилување“, остана без уште една опција и во продолжението
од сезоната, за офанзивната линија ги има само Лео Меси, Антоан Гризман и Ансу
Фати.

„Каталонците“
сепак би можеле да донесат нов напаѓач и покрај тоа што преодниот рок заврши
пред неколку дена. Според правилата на Ла Лига, клубовите можат да добијат
посебна дозвола под одредени услови.

Првиот услов е
Осман Дембеле да биде надвор од стројто најмалку пет месеци, со ваква дијагноза
се отвара вратата за трансфер. Втор услов е играчот кој ќе биде донесен како
замена да не треба да се регистрира со интернационален сертификат за трансфер.

Вториот услов
прилично го ограничува изборот, Барселона ќе може да ангажира фудбалер кој игра
во Шпанија, или фудбалер кој е слободен агент, односно без клуб.

Процедурата за ангажман
на нов играч е следна. Од објавата на медицинскиот изветај за повредата, Барселона
во рок од 20 календарски дена треба да ја извести медицинската комисија при Ла
Лига за своите намери, а комисијата има три дена да одговори на барањето.
Доколку добијат позитивен одговор, „каталонците“ добиваат рок од 15 дена да
донесат замена за Осман Дембеле.

Евентуалното
засилување ќе може да игра во Ла Лига и Купот на Шпанија, но не и во Лигата на
шампионите. Исто така, Осман Дембеле доколку се опорави побрзо од предвиденото,
нема да може да се врати во тимот и ќе мора да чека до следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×