Барса ќе мора титулата да ја заработи на терен, Рубиалес пресече: Нема да биде фер тој што сега е прв да биде шампион

by
1 минути читање

УЕФА попладнево
одлучи да го одложи ЕВРО 2020 и да им даде простор на првенствата ширум Европа
да завршат до 30. јуни, под услов, коронавирусот да биде ставен под контрола и
да има услови да се игра фудбал.

Вечерва на прес
конференција се појави првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис
Рубиалес кој говореше за сценаријата кои кружеа изминативе денови. Тој ја
отфрли идејата сезоната да заврши со сегашниот распоред на табелата, односно
Барселона да биде прогласена за шампион, вели дека тоа нема да биде фер. Исто
така ја отфрли и можноста „каталонците“ да го подигнат трофејот како
првопласирани по одигрување на првиот дел од сезоната (19 кола).

„Првенството мора
да заврши, по можност пред 30. јуни. Но овој датум не треба да биде конечен.
Целта е сите натпреварување да имаат фер расплет. Не размислуваме за идејата
сезоната да биде поништена, иту пак сегашниот лидер да биде шампион, ниту пак
шампион да биде оној кој бил прв на табелата по крајот на првиот дел од
сезоната. Сметаме дека ова е нефер и неправедно, па се додека постои можност за
сезоната да се финишира, ќе се бориме за ова. Не можеме да лишиме некој клуб од
борбата за титулата, за местата во Европа или пак да го лишиме од борбата за опстанок“

– порача претседателот на ФФШ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×