Барса ја зголеми понудата за Кутињо на 130 милиони евра, од Камп Ноу порачуваат: Блиску сме

by
1 минути читање

На Барселона очајно и требаат засилувања, па клубот од Камп Ноу тргнува во последна офанзива по Филипе Кутињо и Осман Дембеле.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „Каталонците“ тропнуваат на вратата на Ливерпул и по трет пат и се враќаат со нова богата понуда.

„Црвените“ на маса имаат предлог вреден 130 милиони евра.

Во меѓувреме од Камп Ноу порачуваат дека се блиску и дo Филипе Кутињо и до Осман Дембеле.

„Знаме дека мораме да го засилиме тимот и токму тоа ќе го нарпавиме во следните денови“ – вели директорот Жозеп Сегура.

„Мораме да му помогнеме на тимот. Блиску сме до (Кутињо и Дембеле) зборуваме за условите, но се додека не се финализраат преговорите, не можеме да кажеме ништо повеќе“.

„Се надевам дека ќе го облечат дресот на Барса“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×