Барса ја најде формулата за заминување на Кутињо, сега само да најде уште некој доволно луд да им плати 30 милиони за позајмица

by
1 минути читање

Во новата сезона тешко
ќе има место за Филипе Кутињо на Камп Ноу, па Барселона работи на негово
заминување. Според пишувањата на „Радио Каталонија“, раководството на клубот нашло
формула со која ќе се отвори вратата за трансфер.

Шампионот на
Шпанија е подготвен да го испрати Бразилецот на позајмица, но ќе бара 25-30
милиони евра, сума со која ќе се покрие годишниот трошок, односно амортизацијата
на неговиот трансфер од Ливерпул вреден 120+40 милиони евра.

„Радио
Каталонија“ не открива кои се можните дестинации на Филипе Кутињо, но тешко е
да се замисли дека ќе се најде клуб кој ќе плати ваква сума само за да го добие
играчот на една година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани