Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат, се верува дека Барселона полека но
сигурно ја добива битката со Јувентус за дефанзивецот на Ајакс, Матијс де Лигт,
со понуда вредна 60 милиони евра, а дополнително и бонуси во истата.
Спорт извести
дека Барселона веќе повлекла сериозен чекор во битката за потписот на 19
годишниот фудбалер, со тоа што тој веќе има понуда на маса од петгодишен
договор со Каталонците.
Весникот на оваа
тема извести од ‘блиски луѓе’ во преговорите за Де Лигт кои посочиле
дека трансферот е на добар пат да се оствари а Каталонците се големи оптимисти
дека ќе ја добијат битката за неговиот потпис.
Барселона веќе го
комплетираше трансферот на соиграчот на Де Лигт, Франки де Јонг, а се чини дека
Јувентус полека но сигурно ја губи битката за Де Лигт.