Барса излезе со најзилен состав во Купот па му даде ПЕТ гола на Леганес (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кике Сетиен како
да не сакаше ништо да ризикува по неубедливата победа над Ибица и поразот од Валенсија,
па вечерва со сите сили му се спротивстави на Леганес во осминафиналето.

Барселона доминираше на теренот и на крајот славеше со убедливи 5-0. Резултатот беше отворен по само
четири минути, Гризман реализираше на асистенција на Семедо за 1-0. На
полувреме домаќините заминаа со два гола позитива, Ленгле погоди по еден корнер
за 2-0.

Меси со голема доза
на среќа донесе 3-0 по еден час игра, Аргентинецот биеше, топката закачи еден
гостински дефанзивец и заврши во мрежата. Артур зголеми на 4-0 во 77. минута, а
во последните мигови од мечот Меси го постави својот втор гол и ги постави
конечните 5-0. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×