„Каталонците“
оваа недела го потврдија првото засилување по заминувањето на Нејмар, на Камп
Ноу пристигна Паулињо и околу ова засилување има многу прашалници.
За неговите услуги
Барса плати 40 милиони евра, Бразилецот стана четвртиот најскап играч во
историјата на клубот, па многумина се зачудени бидејќи тој доаѓа од Кина, првенство
кое заостанува многу зад оние од Европа.
Глобоеспорте сега
открива дека самите директори на Барселона имале одредени сомнежи па уште во
мај оствариле контакт со Фудбалската федерација на Бразил и побарала совет.
Одговорот бил
изненадувачки: „Ако сакате да ја задржите играта со посед и хоризонтални довања
која беше препознатлива изминативе години со Чави и Иниеста во тимот, тогаш
Паулињо не е добра опција“.
„Доколку сакате
подиректен фудбалер, кој знае да пробие помеѓу линиите, тогаш купете го“.