Барселона полека разгледува алтернативи на Нико Вилијамс, како што пренсува Мундо Депортиво, на списокот се имиња како Луис Диаз од Ливерпул, Кингсли Коман од Баерн Минхен и Рафаел Леао од Милан.
Атлетик Билбао денеска испрати нови сигнали дека Нико Вилијамс останува, напаѓачот го доби дресот со број 10.
Како што пренесува Мундо Депортиво, Жоан Лапорта не се откажува и ќе проодлжи да го убедува Нико Вилијамс да се персели на Камп Ноу.
Но „каталонците“ полека размислуваат и за план Б, и на списокот се три имиња: Луис Диаз од Ливерпул, Кингсли Коман од Баерн Минхен и Рафаел Леао од Милан.
Барселона е подговена да ја инвестира сумата која беше наменета за Нико Вилијам, односно нешто над 60 милиони евра (откупната клаузула е 58 милиони евра, плус додатни 4 милиони како корекција за зголемените трошоци за живот).