Барса има алтернатива за Кансело, носи олимписки шампион

by bojan
1 минути читање
Пубил

Барселона веќе разгледува алтернативи за десната бековска позиција по вестите за преселба на Жоао Кансело во Саудиска Арабија, „каталонците“ го меркаат Марк Пубиљ.

Деко не успеа да го убеди Манчестер Сити за нова позајмица на Жоао Кансело, „граѓаните“ одбраа многу попрофитабилна зделка и продажба на Португалецот во Саудиска Арабија.

Па Барселона веќе разгледува алтернатива за десната бековска позиција.

Во бележникот на „каталонците“ е Марк Пубиљ, кој со Шпанија стана олимписки шампион ова лето.

21 годишниот фудбалер ова лето се најавуваше како нов фудбалер на Аталанта, но зделката се изјалови во последен миг.

Барселона сега сака да го донесе на позајмица за 5 милиони евра, со опција во целост да го купи по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани