Барса им поставила ултиматум на Де Јонг и Араухо

by bojan
1 минути читање
Де Јонг

„Каталонците“ сакаат да ги продолжат договорите на Френки де Јонг и Роналд Араухо но нема вечно да чекаат одговор, двајцата фудбалер ќе треба да се изјаснат за својата иднина пред крајот на сезоната.

Спортскиот директор Деко има полни раце работа и преговара со неколку играчи кои имаат договори до 2026 – Гави, Педри, Де Јонг и Араухо.

Се верува дека преговорите со Гави и Педри одат според планот, но нема голем прогрес во преговорите со Де Јонг и Араухо.

Претседателот Жоан Лапорта исто така разговарал со двајцата и ги убедувал дека се важен дел од иднината на клубот и Барса се надева дека ќе успее да ги обврзе на нова соработка.

Сепак, „каталонците“ нема вечно да чекаат одговор и поставиле ултиматум, Де Јонг и Араухо до крајот на сезоната треба да се изјаснат за својата иднина.

Доколку не се пронајде компромис, Де Јонг и Араухо ќе бидат ставени на продажба со оглед на тоа дека летоска ќе имаат само уште 12 месеци од договорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани