59
Барселона со убедливи 5-0 го победи Атлетик Билбао во првото полуфинале од Суперкупот на Шпанија кој се игра во Саудиска Арабија.
Каталонците имаа фуриозно прво полувреме, во делница од 16 минути постигнаа дури четири голови.
Серијата ја отвори Феран Торес во 22. минута, во 30. минута Фермин стрелаше за 2-0, а четири минути подоцна Барги реализираше за 3-0, во првиот дел гол даде уште Рафиња во 38. минута.
Барса работата си ја заврши во првото полувреме, па во вториот дел ја тргна педалата од гас.
Конечните 5-0 ги постави Рафиња со својот втор гол на мечот, овојпат погоди во 52. минута.
Утре, во второто полуфинале играат Реал Мадрид против Атлетико Мадрид.