Барса го убедила Нејмар да остане: Две причини поради кои треба да продолжи на Камп Ноу

by
2 минути читање

„Мундо Депортиво“
пишува за тоа како Барселона реагирала на притисокот кој го создаде нивниот
поранешен фудбалер Дани Алвеш, бекот кој на некој начин „посредуваше“ за својот
тим ПСЖ да ја реализира целта во создавањето „бразилска колонија“ во
францускиот вицепрвак.

Познато е дека
Нејмар и Алвеш се големи пријатели, па токму Алвеш се посочуваше како човек кој
може да ги реши сите дилеми во убедувањето на неговиот сонародник да премине во
ПСЖ, кој има нескриена намера да го ангажира еден од предводниците на
каталонскиот гигант.

Според пишувањата
во поголемиот дел од медиумите, ПСЖ е подготвен да издвои фантастични 222
милиони евра за Нејмар, онолку колку што изнесува неговата откупна клаузула од
почетокот на овој месец, со оглед на клаузулите во договорот со Барселона.

Раководството на
Барселона инсистира Нејмар да остане во тимот, тие наводно успеале во мисијата
да го убедат Бразилецот да остане на „Ноу Камп“, а како една од главните
причини во разговорите со Нејмар издвоиле дека за него нема подобар тим во
светот каде би играл во друштво на 
фудбалери од класата на Меси и Суарез.

Втората причина
која челниците на Барселона ја издвоиле во разговорот со својот фудбалер била
можноста ПСЖ да се соочи со казна поради евентуално прекршување на „Фер
Плеј“ правилата во однос на финансискиот аспект, со што дури би можеле да бидат
и санкционирани со исфрлање, барем за момент од Лигата на Шампионите.

Сепак, шпанскиот
медиум пишува за најстрогата казна, вреди да се издвои дека останува отворено
прашањето колку ПСЖ би можел да го прекрши претходно наведеното правило,
впрочем, првата казна би била намалување на бројот на фудбалери, потоа следи парична
казна, па евентуално исфрлање од Лигата на шампионите, последната опција е
крајно нереална, барем во овој момент.

Како и да е, дел
од
медиумите продолжија
да пишуваат за најавената преселба
на Нејмар во Париз, последните информации велат дека неговиот татко ќе добие десетици милиони евра бонус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани