Барса го презентираше Малком, Бразилецот откри зошто ја „откачил“ Рома во последен момент

by
1 минути читање

Малком во
понеделникот требаше да отпатува за Рим откако Бордо и Рома го договорија
неговиот трансфер, но Барселона достави понуда во последен момент па играчот
заврши на Камп Ноу.

Откако во средата
ги помина редовните лекарски прегледи, Бразилецот замина за САД каде Барса е на
турнеја. Тој денеска стави потпис на договорот и во Портланд беше презентиран
како трето засилување.

Запрашан зошто ја
„откачил“ Рома, тој рече: „Моите агенти беа задолжени за преговорите и кога ми
кажаа дека имам опција да се преселам во Барселона, не се двоумев ниту секунда.
Од дете сонувам да играм за Барселона покрај најдобрите“.

„Кога бев мал го следев Роналдињо, потоа Нејмар, кој е мојот идол и се надевам дека ќе
можам да ги наследам Бразилците кои беа успешни во Барселона“.

„Меси е
најдобриот фудбалер во светот, тој е легенда. Се надевам дека ќе научам многу од
него“.

На прес
конференцијата беше и директорот Местре кој истакна дека трансферот е вреден
41+1 милион евра, играчот се обврзал кон Барселона до 2023 и добил откупна
клаузула од 180 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×