Барселона на
социјалните мрежи го претстави новиот дизајн на грбот на клубот, иако, засега
сево ова е само предлог, очекувањата се челниците на каталонскиот гигант да го
одобрат редизајнот на новиот грб кој би требало да почне да се користи од
идната сезона.
Главната промена
на новиот грб, во однос на стариот е тоа што на новиот ќе ги нема иницијалите „FCB“, од клубот информираат дека ова е
редовна пракса, а со промените ќе се даде голема важност на боите на Барселона.
„Оваа промена
одговара на спонзорските стратегии, во текот на историјата, клубот редовно го
редизајнира својот грб, а сега им даваме многу голема важност на боите на
Барса, но и на топката која ќе остане на истиот дел“ рече Жозеп Вивес, првиот човек
за односи со јавност на Каталонците.