Дани Олмо е дел од составот на Барселона за пресметката против Атлетик Билбао вечерва од 19 часот, но Шпанецот не е регистриран и прашање е дали ќе може да настапи.
Голем хаос со регистрацијата на Дани Олмо, најголемото засилување на Барселона ова лето.
Офанзивниот фудбалер се најде на списокот на Ханси Флик за пресметката против Атлетик Билбао вечерва од 19 часот, но нема никакви гаранции дека ќе може да игра.
Имено, тој се уште не е регистриран и „каталонците“ прават огромни напори да го пријават пред последниот рок кој е 18:55 часот, односно пет минути пред почетокот на натпреварот.
Барселона сега се крсти во Атлетико, се надева дека клубот од Мадрид ќе успее во текот на денот да го комплетира трансферот на Клемен Ленгле и да им отвори доволно простор во буџетот за регистрација на Дани Олмо.