149
По долги преговори, „Каталонците“ и „Милионеритe“ вчера си подадоа рака за трансферот на Осман Дембеле, кој си замина од Дортмунд и почна штрајк во моментот кога Барса ја испрти првата официјална понуда.
„Барселона и Борусија Дортмунд постигнаа согласност за трансфер на Осман Дембеле вреден 105 милиони евра, плус бонуси. Играчот ќе стави потпис на пет годишен договор и ќе има откупна клаузула вредна 400 милиони евра“ – гласеше известувањето на клубот од Камп Ноу.
Од таборот на „Милионерите“ исто така ja потврдија зделката и открија дека сумата на бонусите не може да биде поголема од 40% од фиксната сума, па тие можат најмногу да инаксираат уште додатни 42 милиони евра.