Барселона ја доби првата битка со Манчестер јунајтед, натпреварот на Олд Трафорд заврши со победа за гостите од 1-0.
Единствениот погодок на мечот беше постигнат уште во 12. минута, Суарез биеше, топката го удри Лук Шо и заврши во мрежата на Де Геа. Помошникот крена офсајд, но по прегледувањето на ВАР голот беше признаен. Барселона поведе со 1-0.
Во 29. минута имаше еден спорен момент кога Мектоминеј беше соборен во шеснаесетникот од Бускетс, но судијата одлучи дека нема пенал.
Седум минути подоцна Кутињо имаше еден силен шут, но Де Геа покажа дека има одличен рефлекс и го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел Луис Суарез имаше една добра шанса за повисока победа на Барселона, но не погоди.
Манчестер јунајтед не создаде ниту една убава шанса за гол и сосема заслужено го загуби мечот.
Ова е одличен резултат за Барселона и голем чекор кон полуфиналето, Манчестер јунајтед ќе се потсети на мечот со ПСЖ и од таму ќе ја црпи мотивацијата за реваншот.
Во Амстердам беа постигнати два гола и тоа за две минути, но во различни полувремиња.
Јувентус поведе во 45. минута, пред самиот истек на првиот дел по една одлична акција, Кристијано Роналдо реализираше со глава за водство од 1-0.
Со самиот почеток на второто полувреме Ајакс преку Нерес го изедначи резултатот за конечни 1-1.