Во 2018 година Барселона даде неверојатни 165 милиони евра за да го купи Кутињо од Ливерпул.
Откако не импресионираше во дресот на Барса, Кутињо беше пратен на позајмица во Баерн Минхен, но германскиот гигант не ја искористи опцијата и комплетно да го откупи неговиот договор.
Кутињо му рекол на својот агент дека сака да се врати во Премиерлигата, а последните информации велат дека Барселона му го понудила Кутињо на Челси.
Откако замина од Ливерпул, Кутињо никако да покаже константност, Бразилецот имаше добри партии и во Барселона и во Баерн Минхен, но тие никогаш не беа во континуитет.
Барселона сега се надева дека ќе успеа да го наплати неговото заминување барем половина отколку што го купи, но во прилог не им оди ниту ситуацијата со коронавирусот. Тешко е за верување дека некој ќе даде повеќе од 80 милиони фунти за Кутињо во овој период.