Барса го договори наследникот на Луис Енрике, на кормилото седнува уште еден поранешн играч

by
1 минути читање

Медиумите од Каталонија оваа недела во неколку наврати пренесоа дека
изборот на Барселона за нов тренер паднал на Ернесто Валверде. 

Оваа денеска го потврди и баскискиот весник Ел Коро, кој пишува дека
предводникот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде ќе го наследи Луис Енрике.

Извештајот вели дека двете страни си подале рака и претседателот на
Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу го информирал тимот дека Ернесто Валверде ќе
биде новиот тренер.


Се очекува официјална потврда да пристигне по финалето во Копа дел Реј на 29.
мај.

Ернесто Валверде и Барселона имаат опција до 31. мај да се откажат од
зделката, но се верува дека ниту една од двете страни не планира да го стори
тоа.

53 годишниот Шпанец две сезони го носеше дресот на Барселона од 1988 до
1990, па тоа значи дека уште еден поранешен играч ќе седне на жешкото столче на
Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани