Барса и Реал
покрај безброј битките на теренот, често знаат да се судрат и на трансфер
пазарот.
„Каталонците“
успеаја да го добијат Нејмар а „Кралевите“ им се реваншираа откако им го
украдоа 17 годишниот Винисиус од Фламенго.
Медиумите од
Бразил и Шпанија сега велат дека двата клуба ќе наддаваат за уште еден играч на
Фламенго, 16 годишниот Линколн.
Младото момче
импресионира на Светското првенство за играчи до 17 години, па и Барса и Реал
побрзале да го договорат.
Клубот од Камп
Ноу веќе стапил во контакт со Фламенго, а и Реал Мадрид не заостанува многу.
„Кралевите“ се
надеваат дека ќе успеат да ги искористат добрите односи со правите луѓе во
Фламенго, како и тоа што веќе го ангажираа добриот пријател на Линколн
(Винисиус), за на лутиот ривал да му зададат нов удар надвор од терените.