Барса го доби градското дерби и ја зголеми предноста пред Реал!

by riste
1 минути читање

Барселона со убедливи 4-1 го совлада Еспањол и го искористи вчерашниот кикс на Реал Мадрид, на седум кола до крајот има плус девет бода.

На денешниот меч Барса поведе уште во деветата минута кога по асистенција од Ламин Јамал, Феран Торес реализираше за водство од 1-0.

Во 25. минута истите двајца учествуваа и во втор гол, Јамал додаде до Торес, а тој погоди за 2-0.

По десет минути игра во второто полувреме Лозано намали на 2-1 и го врати Еспањол во живот.

Но Јамал и Рашфорд погодија во самиот финиш за победа на Барселона од 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×