Барса ги договори Жоан Гарсија и Нико Вилијамс па доби сериозно предупредување: Една работа е…

by bojan
1 минути читање
Барселона

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас ја предупреди Барселона дека треба уште да сработи за да може да го регистрира голманот Жоан Гарсија, како и да го реализира најавениот трансфер на Нико Вилијамс.

„Каталонците“ изминатиов викенд ја активираа откупната клаузула на Жоан Гарсија вредна нешто над 26 милиони евра, и во скоро време се очекува официјално да го потврдат трансферот на голманот.

Последните информации велат дека Барса си подала и рака со Нико Вилијамс за соработка до 2031 година и плата од 12 милиони евра по сезона, па сега ќе треба да пронајде заеднички јазик со Атлетик Билбао за условите под кои ќе се реализира трансферот.

Првиот човек на Ла Лига ги коментираше ваквите случувања и предупреди дека „каталонците“ треба уште многу да сработат за да можат да регистрираат играчи.

„Една работа е да го купат Жоан Гарсија, друга е да го регистрираат. Барселона треба уште да сработи за да може да го регистрира, можеби не многу, но треба да сработи и знае што точно треба да направи“ – вели Хавиер Тебас.

„Нико Вилијамс? Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи има многу шпекулации, но Барса се уште не ги исполнува условите за да може без мака да ангажира фудбалери, се уште не се во правилото 1:1. Доколку навистина сакаат да го ангажираат Нико, ќе треба да продаваат и да ги балансираат сметките“.

ФОТО: X/Barcelona FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×